
Манастирот Санта Марија да Виторија се наоѓа во Баталља, мал град во западна Португалија. Манастирот е познат како “Манастир Батаља“, а тоа во превод значи битка. Манастирот бил изграден за да ја одбележи победата на португалците над кастиљаните во битката кај Алжубарота во 1385 г., оттаму доаѓа и името “битка“. Тој требало да се претвори во основен градежен проект на португалската монархија за следните два века. Тука еволуирал силно ориинален, национално готски стил, длабоко подвлијан од мануалинската уметност, како што се гледа од неговото ремек-дело - ''Кралскиот манастир''. Манастирот е и најпосетуваната забележителност во околината. Впишан е во светското културно наследство на УНЕСКО во 1983 година.