Манастирот „Св. Петар“

Салцбург, Австрија

Манастирот „Св. Петар“ е основан од епископ Руперт во 696 г. Руперт, веројатен наследник на динсатијата на Меровингите, бил замолен од Хилдерик ІІІ да ја покрсти Баварија, и за време на својата мисија тој патува по Дунав. Додека престојувал во Регенсбург, тој го насочува баварскиот владетел војвода Теодо II кон христијанството и од него добива решение за мисија во Баварија. Освен тоа, Теодо II му ги доверува земјите на римското село Јувавум покрај река Залцах. Руперт тука го основа манастирот „Св. Петар“, а ридот, на кој е изграден, го добива името Монхсберг (мак. „монашки храм“). Манастирот станува центар на нов град, кој се развива многу брзо поради големите залихи на сол во околината. Солта го дава името на градот - Салцбург (Град на солта).

Оттогаш до денес манастирот е рушен, подигнуван одново и многукратно ширен, за да остане во историјата како најстариот функционален манастир во германско-говоречкиот свет.

Екскурзии и одмори до Австрија »