Мајнау

Констанц, Германија

Мајнау, неофицијално нарекуван „Островот на цвеќињата“ е третиот по големина остров во Боденското Езеро. Од административна гледна точка тој е дел од град Констанц, со кој е сврзан со транспортен мост. Во 1853 г. остров Мајнау станува сопственост на војводата Фридрих фон Баде, кој го прави своја летна резиденција. Неговата страст биле егзотичните растенија. Во 1932 г. неговиот правнук, гроф Ленарт Бернадот, постепено ги раширува парковите и градинските објекти и го претвора во вистински светен рај. Меката клима добро влијае врз развитокот на тропските и суптропските растенија - палми, лијани, портокали, смокви, бадеми, како и многу локални растенија. Цветната градина отвара врати во април со повеќе од еден милион расцветани лалиња, зумбули и нарциси. По рододендронит, во мај цветаат повеќе од 1200 видови рози.

Екскурзии и одмори до Германија »