Милано

Милано, Италија

Познат е уште како престолнина на модата, Милано е еден од главните туристички центри во Италија. Милано е една од скапите дестинации во Европа.

 

Расположен е во централниот дел на Северна Италија, во близина на р. По, Милано е главен град во овој дел на државата и е втор по големина во Италија.Населението брои над 1.3 милиони жители.

 

Објектите, кои будат интерес кај посетителите на градот, се многубројни. Несомнено, еден од симболите на Милано е воодушевувачката катедрала ''Дуомо'', изградена во готски стил. "Palazzo Reale", или кралскиот дворец, кој се наоѓа точно наспроти катедралата, исто така се наоѓа во списокот на главните објекти за посетување. Други попознати забележителности во градот вклучуваат: замокот Сфорца, операта Ла Скала, галеријата Виктор Емануел Втори, музејот на науката и технологијата ''Леонардо да Винчи'', како и стадионот ''Сан Сиро''. Љубителите на уметноста ќе го оценат и ''Ченакола Винчано'' - домот на великата слика на Леонардо да Винчи - ''Тајната вечера''.

 

 

 

Екскурзии и одмори до Италија »