
Монреал, најголемиот град на провинција Квебек, предлага возбудлива комбинација од француска и англиска историја и култура, која датира уште од времето на првото доселување на европејците, тука во 1642 година. Повеќе од половината население се французи, но сите зборуваат француски и англиски, кое придава дополнителна европски шарм на овој, исполнет со живот, космополитски центар. Монреал е поделен на две населби, секој од кој претставува уникатен и оживеан дел од овој забележителен туристички град. Во централната градска зона се наоѓаат многу музеи, меѓу кои неверојатниот Музеј на ликовните уметности. Некогаш овој дел на градот се нарекувал златната милја, затоа што тука се издигнувале огромните луксузни домови на богатите шкотски и англиски индустријалци, кои допринеле многу за формирањето на политичкиот и општествениот лик на Монреал. Денес тука можат да се видат и некои впечатливи примероци на модерната архитектура.
Вју-Монреал е најстариот дел на градот со кафичите на отворено во париски стил, улични претстави и цветни штандови. Сен Дени е пријателска област, полн со бистра, бутици и сликарски галерии. И бидејќи ова е срцето на францускиот Монреал, некои го споредуваат со паришкиот Сен Жермен де Пре. Парк ду Мон-Ројал или Кралската планина, е наречен по единствениот повисок врв и повеќе изгледа на голем рид, одкаде се открива неверојатна панорамна глетка кон градот, заобиколен од огромната река Сент Лоренс. Познатиот американски градител и дизајнер Фредерик Лоу Олмстед, автор на проектот за Централ Парк во Њу Јорк, го создава овој прекрасен парк на Монреал, во кој има езера, кои на зима се претвораат во ледени предели, маршрути за пашеходен туризам, корс-кантри ски патеки и многу катчиња, каде посетителите можат да седнат и да се насладат на флората и фауна. Подземниот град, или “ла вил сутерен“, претставува систем од климатизирани пространства, распоредени под нивото на градските улици и во основите на големите градски градби. Иако дел од овие структури се наоѓаат и над земјата, повеќето од нив остнуваат долу, вклучително и 1600 продавници, 40 банки, 200 ресторанти, 30 кина и 10 метростаници.