Монте Албан

Оахака, Мексико

Монте Албан е археолошки објект, кој се наоѓа во јужната област на Оахака. Објектот се наоѓа врз вештачко поравнено плато на височина од 1940 метри. Монте Албан бил важен за цивилизацијата на самотеките блиску илјада години, бидејќи бил социјален економски и политички центар. Расцветот на Монте Албан бил меѓу 250 и 700 г. н.е. кога бил престолнина на меѓу 25 и 30 илјади жители. Основан е во 5 век п.н.е. е првиот град на Мезоамерика. Се' уште можат да се видат една или две археолошки пронаоѓалишта. Меѓу нив е пронајден гроб кој бил сличен на оној на Тутанкамон, таму во 1931 г. за време на експедицијата водена од Алфонсо Касо биле пронајдени златни предмети како и други скапоцени камења. При првата помисла, археолозите помислиле дека пронашле некој водач, но подоцна сфатиле дека била богата дама.

Екскурзии и одмори до Мексико »