Мостар

Мостар, Босна и Херцеговина

Мостар е политички, финансиски, религиозен и културен центар на Херцеговачко-Неретвански кантон, како и неофицијален главен град на област Херцеговина. Градот се наоѓа на 60 км од Јадранско Море и е расположен во долината на река Неретва, заобиколен од планините Вележ, Хум и Чабулја, кои се дел од масивот и најголемата планинска верига на Балканскиот Полуостров  - Динарските Планини. Градот е петти по големина во Босна и Херцеговина, со население од околу 110 000 жители. Во него се наоѓаат четири од федералните министерства на федрацијата.

Уште во минатото Мостар бил еден од главните туристички центри на поранешна Југославија. Денес главни туристички објекти се: стариот град, Стариот мост над река Неретва, Францисканската црква ''Св. Петар и Павел'', музејот на Херцеговина и Караџозбеговата џамија.

Екскурзии и одмори до Босна и Херцеговина »