
Музејот „Кристалните светови на Сваровски“ е отворен во 1995 г. по повод 100-годишнината од создавањето на компанијата „Сваровски“. Се наоѓа во Ватенс, Тирол, каде е создадена фирмата. Музејот се состои од 17 сали, т.нар. „соби на чудата“.
Музејот е дело на мултимедијниот уметник Андре Халер. Тој проектира пештера во вид на потпрен гигант и ова е тематскиот фокус на Световите на Сваровски.
Хелер ја измислил историјата на гигантот, кој тргнал на пат, за да го запознае светот со неговите богатства и чуда.Така гигантот пристигнува до Ватенс, каде останува да одмара и оттогаш „ги чува“ неговите соби на чудата.
Тука, во светот на фантазијата, инспириран и оформен од едни од најголемите сликари на модерната уметност, посетителите можат за миг да поверуваат во чуда.