Музејот ''Пикасо''

Барселона, Шпанија

Музејот "Пикасо" отвара врати за посетители на 9 март 1963 г. првите творби, изложени од него се донација од Гијом Сабартес - близок пријател на Пикасо од малдите години и негов личен секретар. Денес тука се експонираат 3600 творби, првенствено слики, скици, гравури и керамика подредени хронолошки, за да им дозволат на посетителите да го проследат уметничкиот развој на сликарот. Расположен е во неколку, соседни една до друга средновековни згради во центарот на Барселона. Најинтересниот дел од музејот е колекцијата од рани творби на Пикасо /1890 г./. Уште на 15 - 16 годишна возраст тој веќе цртал и скицирал. Овие негови творби не секогаш присустрвуваат како примери во книгите по уметност, и поради оваа причина многу е впечатливо да се види нешто различно. Изложени се и творби од "синиот" период на сликарот, кои, малку се наброј се доста изразителни, творби од периодот 1900 - 1904 г., сликани во Барселона и Париз и силно повлијаени од импресионизмот. Скоро три полни сали се посветни на опсесијата на Пикасо од ремек-делата на Веласкес - La Meninas. Пикасо го насликал секое делќе од портретот во свој стил, а сличностите и разликите со оригиналниот портрет со сигурност ќе го привлечат вањето внимание. Веќе неколку години ова е најпосетуваниот музеј во Барселона.

Екскурзии и одмори до Шпанија »