
Во Европа ќе најдете многу атрактивни музеи и уметнички галерии, меѓу нив без сомнение е Прадо, кој не смеете да го пропуштите. Изграден е како Музеј на науката на крајот на 17 век, Прадо се претвора во една од првите државни галерии, во која во 1819 г. се изложени кралските уметнички колекции. Денес во постојанат експозиција се вклучени 1500 творби, додека други 9000 се претставуваат на ротационен принцип. Тука е ''мекат'' за љубителите на класичната школа и обожавателите на шпански, фламандски и италијански мајстори. Ќе откриете творби на Веласкес, Ел Греко, Гоја, Муриљо, Ривејра, Ван Дајк, Дурер, Рембранд, Рубенс, Тицијан, Ботичели, Рафаел, Тинторето и многу други. Една од најпознатите слики во музејот е таа на Диего Веласкес - ''Дворските дами''.