Музејот "Света Софија"

Истанбул, Турција

Музејот "Света Софија" е ремек-дело на византиската уметност. Црквата е изградена за време на управувањето на император Јустинијан во 6 век и е посветена на Божествената мудрост. Подигната е за 10 години од 10 000 луѓе и 100 архитекти. Ова е третата црква, изградена на ова место. Во тој период била најголемата црква, која функционирала во Европа, и успеала да го зачува тој статут до изградбата на “Свети Петар“ во Рим. Интериорот е декориран со прекрасни византиски мозаици од 60 до 13 век. Црквата била ограбена од латинските племиња за време на Четвртиот крстоносен поход во 1204 г. и многу богатства и' се однесен на запад. Во 1453 г., кога Константинопол е завладејан од Османскиот султан Мехмет II, црквата станува џамија и сите стенописи и дела, се покриени со гипс, во согласување со барањата на исламската религија. Од 1936 г., по заповед на Ататурк, е претворена во музеј.

Екскурзии и одмори до Турција »