
Музејот на реликвите од војната се наоѓа во Хошимин, Виетнам. Музејот е популарен меѓу туристите, ова е еден од малкуте музеи, кои ги изнесуваат бруталните последици од војната на цивилните жртви толку силно. Музејот отвара врати на 4 Септември 1975 г., под името ''Изложбена куќа за Американски злосторства''. Музејот е преименуван уште два пати, во 1990 г. името му се менува во ''Изложбена куќа на војната и агресијата''. По нормализирање на допломатските односи меѓу Виетнам и САД во 1995 година, музејот е преименуван по втор пат ''Реликвите од војната''. Околу половина милион туристи годишно го посетуваат музејот.