Национален парк "Кафуе"

Замбија

Националниот парк Кафуе е најголемиот парк во Замбија, како и вториот по големина парк во Африка. Тој се простира на 22 440 м.кв. Паркот е расположен по текот на река Кафуе, чие име го носи. Достапот кон Кафуе има неколку почетни точки. Главниот влез е од град Лусака, преку „Западниот пат”.

Паркот е создаден на почетокот на ХХ век, во 1920 година, от колонијалните британски власти. Пред создавањето на величествениот Национален парк поголемиот дел од неговата површина бил искористен за лов. Идејата за неговото создавање е привлекување на туристи во регионот и создавање на место за одмор во природата на локалните жители. Паркот се карактеризира со многу тревни површини, некои од кои стануваат мочуришта во дождовната сезона. На територијата на Кафуе е типично изразена саваната. Во јужниот дел на паркот може да се насладите на камените ридови и брана. На север се расположени пасишта, карактеристични со вечнозелена трева. Во овој дел се одгледуваат редица видови тревопасни ѓивотни и многу претставители на семејство птици. Паркот Кафуе е една од главните природни забележителности на Замбија и афричкиот континент. Тој е објавен за заштитена територија. Многу од туристите во Замбија посетата на паркот ја сметаат за пријатна авантура меѓу дивата природа и животинските претставници на Африка.

Екскурзии и одмори до Замбија »