
Зградата на Националниот театар се наоѓа на Универзитетскиот плоштад и е изградена во 1973 г. по плановите на група романски архитекти, поради тоа што старата зграда на театарот била разрушена за време на Втората светска војна. Првично фасадата на зградата била изградена по архитектурниот модел на молдавските манастири, но последователно е реконструирана и ја добива секашната масина форма. Театарот располага со 4 сали за претстави. пред него е подигната статуата на романскиот сценарист Јон Лука Караџале (1852-1912 г.), по кој всушност е крстен театарот. Пиесите на Караџале ја исмеваат политиката, политичарите и начинот на живот на романците од крајот на 19 век.