
Никозија е главниот град на две држави - Кипар и Севернокипарската Турска Република, кој се наоѓа на река Педиео. Никозија е најголемиот град во средоземноморската држава и третиот најголем град со официјален грчки јазик по Атина и Солун. Градот се наоѓа во внатрешноста на државата, далеку од морскиот брег, меѓу Тродоските и Кирениските Планини. Според легендата Марко Антониј се вљубил во лозјата на островот и го подарил на Клеопатра. Стариот дел на градот е обграден од ѕидина со три главни излези, која е изградена во 16 век за време на венецијанската окупација. Впечатливи се тесните калдрмени улички, стари згради со масивни фасади, кафичи, занаетчиски атељеа, уметнички галерии и продавници за сувенири, плоштад Фанеромени и Архиепископскиот дворец.