
Тврдината е изградена од турците на почетокот на XVIII век и се реди меѓунајдоброзачуваните на Балканот. Ѕидините со должина над два километри достигнуваат височина од 8 метри, а дебелината им е до околу 3 метри. Тврдината е изградена врз основите на античкиот град Наисус.
Во минатото тврдината била обградена од ров, но денес тој е зачуван само во северниот дел. Многу добро се зачувани ѕидините во јужниот и западниот дел. Во рамките на Нишката тврдина туристите можат да го разгледаат Арсеналот од 1857 г.; реновираната џамија од 1521 г., во која денес е сместена сликарска галерија; зградата на Историскиот архив; лапидариумот, кој чува многу антички споменици и натписи; турскиот амам и други забележителности. Нишката тврдина денес е уредена како градски парк - пријатно место за прошетка во летните месеци.