
''Нијагара'' е група масивни водопади на река ''Нијагара'' во источниот дел на Северна Америка, на границата меѓу САД и Канада. Водопадот се состои од три дела: Хорсшу (понекогаш нарекуван Канадски водопад), Американски водопад и помалиот Брајдс Веил. Макар и не многу висок, водопадот Нијагара е многу широк и е најголемиот во Северна Америка. ''Нијагасркиот водопад'' е познат со својата убавина, како и во исто време ценет извор на хидроелектрична енергија и предизвикувачки проект на зачувување на околината.