Палацо "Мадама"

Торино, Италија

Палацо "Мадама" е дворец во Торино, Северна Италија. Тој е расположен во централниот и историскиот дел на градот, на плоштад ''Кастело''. Овој дворец е првиот сенат на италијанското кралство, а името го добива од двете кралици на Савојската династија. Историјата на дворецот започнува уште од 1 век п.н.е., кога на местото се наоѓала портата кон римските ѕидини, која водела до Августа Тауринорум (старото име на Торино). Двете од кулите, иако се реставрирани, се' уште сведочат за тој период. По падот на Западната римска империја, портата била користена како ѕидина во одбраната на градот. Подоцна местото дтанува сопственост на династијата Савој, која во 14 век ја прошируваат зградата во дворец. Дворецот е под уметничко влијание на двете војводки - Кристина Марија од Франција, жена на Виктор Амадеј I Савојски и Марија Џована Савојска, жена на Карл-Емануил II. Во 18 век, по проект на барокниот архитекс Филипо Јувара, е реновирана фасадата на дворецот - со широки и големи прозорци и накосени коринтски колони. Дело на архитектот Џовани Барата се релјефните слики со воени трофеи, вазните и статуите на парапетот. Од влезната сала започнуват две скалила, дело на архитект од Месина. Денес во музејот се наоѓа Градскиот музеј за древна уметност. Збирката му вклучува живописни платна и уметнички слики од три милениуми, вклучува колекции од слики, статуи, црковни орнаменти, порцелански проиводи и декоративна уметност. Палацо ''Мадама'' е еден од најубавите примери за пиемонтската барокна архитектура и атмосфера.

Екскурзии и одмори до Италија »