Пристанишниот град Палмеира се наоѓа на само неколку километри западно од Еспарагос - главниот град на остров Сал. Тоа е местото, низ кое минува огромен дел од вносот и износот на осровот, при што таму се наоѓаат главните трговски патишта на Северниот Атланстки Океан. Град Палмеира е исполнет со барови и ресторанти, чијашто архитектура се' уште го има зачувано португалскиот карактер, најмногу во северниот дел на градот. Тука се наоѓаат и впечатливите подводни пештери - Олхо Азул, уникатно место за нуркачи, кои бараат возбуда.