
Во центарот на Шри Ланка во 1975 година е отворен резерват за диви слонови. Резерватот го носи името Пинавела. Се наоѓа на северозапад од град Кегали. Првата идеја за откривање на резерватот била во него да се одгледуваат мали, напуштени слончиња. Реката Маха Оја тече околу резерватот, и ја осигурува неопходната вода за стотте големи цицачи. Густата растителност ја осигурува потребната храна на секој еден слон. Неколку години по отворањето на резерватот, тој станува атрактивен објект за посета.