Пиран

Пиран, Словенија

Во Југозападна Словенија, на брегот на Јадранско Море, има мал град, во кој времето е сопрено - Пиран. Градот го зачувал средновековниот вид - тесни улички, покриени со камени плочи, високи куќи и примамливи безистени.

 

Првите податоци за Пиран се уште од 7 век. Се смета, дека селото се појавило поради и околу светилникот, кој го покажувал патот на бродовите.

Во денешно време Пиран е едно од најпрекрасните и примамливи места по јадранското крајбрежје. Фестивали, културни програми, останки од минатите времиња, вкусна храна, мирно море - Пиран може да предложи се'.

 

Сосема блиску до морето се расположени десетици мали ресторанти, во кои ќе ви сервираат свежа риба и одлична риба. Прошетката по зачуваните ѕидини, кои го одделуваат стариот центар на градот од неговиот нов дел, со сигурност ќе ви го изостри апетитот. Седумте порти, низ кои се влегувало во градот исто така се се' уште зачувани и вреди да се посетат.

 

Во Пиран е роден Џузепе Тартини. По него е именуван централниот плоштад, каде се наоѓа и неговиот дом - Каза Пизаргуа. Денес таму се одржуваат различни културни настани, изложби и семинари. На првиот спрат на зградата има експозиција, посветена на Тартини.

Во Пиран има многу цркви, скулптури и живописни градски катчиња. Не се двоумете да ги откриете.

Екскурзии и одмори до Словенија »