
Пловечките пазари се феномен, особени само за земјите од Југоисточна Азија и највеќе за Тајланд. Во минатото реките и каналите биле главните транспортни патишта во државата. Пловечкиот пазар на Банкок е најпопуларниот и најголемиот на вода во Тајланд. Го нарекуваат „Дамноен Садуак”. Локалните жители раскажуваат, дека каналот, на кој се наоѓа „Дамноен Садуак”, бил ископан по заповед на крал Рама IV во 1866 г. Во тој период каналот ги соединувал двете реки и служел како транспортен канал. Пловечкиот пазар започнува да функционира во 1967 г. во кој денес го посетуваат илјадници туристи, љубопитни да го видат овој феномен.
Каналите во и околу Банкок се важен елемент од транспортниот систем - тие ја олеснуваат комуникацијата меѓу различните области на градот, а и до денес многу луѓе, кои живеат по должина на каналите често ги корстат бродчињата како главно средство за движење.
Наутро кон пазарот познуваат да се движат потоци од бродчиња, натоварени со облека, сувенири, егзотични плодови, но најмногу со луѓе. Продавачите се натпреваруваат да ви предложат секакви национални тајландски храни, зготвени пред вас, на печка поставена на бродчето. Како продавачите, така и купувачите се движат до пловечкиот пазар само со бродчиња. Атмосферата на овој оживеан, бучен и шарен азиски пазар, ги тера посетителите да пазаруваат, а тешко човек може да се воздржи да не купи апсолутно ништо.