
Плоштад „Карлсплац“ во Хајделберг е расположен на главната градска улица, во подножјето на Хајделберскиот замок и го носи името на војводата Карл Фридрих Баден. Изграден е во 1805 г. на местото на резрушениот францискански манастир. Во средината му се издигнува фонтана, посветена на Себастијан Мунстер, кој во 16 век долги години работел во манастирот. Фонтаната е дело на скулпторот Михаел Шонхолц и тука е поставена во 1978 г., кога плоштадот е преизграден поради изградбата на подземен паркинг под него. Плоштадот е заобиколен од Хајделбергската академија на науките, дворецот „Boisserée“, куќата на Росхирт (заштитен архитектурен споменик) е две од најстарите и познати хајделбергски студенстки кафани.