Плоштад "Конкорд"

Париз, Франција

Најголемиот париски плоштад е расположен по крајбрежјето на река Сена, во центарот на градот, кој го разделува Лувр и градините Тулери од Шанз-Елизе. Тој бил средиште на трговијата до средината на 18 век, кога е обновен и во центарот му е поставена статуа на Луј XV. За време на револуцијата статуата е заменета со гилотина, на која се егзекутирани 1300 луѓе, помеѓу кои Луј XVI, Марија Антоанета, Дантон, Робеспјер. Подоцна, во знак на помирување, ова место го добива своето финално име - Плоштад на согласността. Денес во центарот се издига древноегипетски обелиск на Рамзес II од Луксор - најстариот историски објект во градот, поклонет од Вицекралот на Египет на крал Луј Филип во 1833 г. Освен со обелиск, плоштадот е декориран со две фонтани, посветени на министерствата на речниот и морскиот транспорт, и осум статуи, кои ги симболизираат најголемите градови во Франција.

Екскурзии и одмори до Франција »