
Плоштадот на Единството на Италија (Унита д'Италија) е главниот плоштад на град Трст, Италија. Во минатото бил познат како Пиаца Гранде, како и Великиот плоштад. Од три страни плоштадот е заобиколен од административни и трговски згради, а од четвртата излез на Јадранско Море. Често се кажува дека, плоштадот Унита д'Италија е најголемиот во Европа, расположен толку блиску до море. Плоштадот е изграден во времето, кога градот Трст бил најважното пристаниште на Автрсо-Унгасрката империја. Денес плоштадот е главно место за прошетки, бизнис средби, концерти, фестивали и други настани. На плоштадот се наоѓаат општината, најубавите дворци во градот, фонтаната на четирите континенти, како и 25 метарските пилони, изработени од бронзени орнаменти.