
Првото нешто, кое привлекува внимание на плоштадот ''Шпанија'', се грандиозните Шпански скали, кои водат кон црквата ''Санта Тринита деи Монти'' од XVI век. Зад неа се издигнува ридот Пинчо - еден од најубавите римски паркови. Планот за скалите е дело на Франческо де Санктис. Во минатото на плоштадот живееле многу познати личности, како Бајрон, Гете, Стендал, Балзак. Денес плоштадот ''Шпанија'' е омиленото место на на сите туристи, кои доаѓаат во Рим, со прекрасната глетка кон целиот град. Од него тргнуваат прочуените модни улици ''Виа Кондоти'' со својот кафич ''греко'' од XVIII в., станал центар на римските интелектуалци, и Виа Маргута, позната со атељеата на уметници и изложбени галерии.