
Плоштад "Шпанија" е просторно и централно место во јужниот дел на градот. Оттука се открива величествена глетка кон градот, а плоштадот е "влезната врата" кон Монжуик. Плоштадот постои од 1908 г., но во денешниот вид е преуреден во 1929 г. по повод на Светскиот саем во Барселона. Тогаш е подигната и огромната фонтана во центарот на плоштадот - како алегорија на Шпанија. Скулптурата е направена од бронза и мермер. На крајот на плоштадот две венецијански кули, слични на камбанаријата на плоштад "Сан Марко", со височина од 49 метри, го одбележуваат почетокот на улица "Кралица Марија Кристина", која ќе ве одведе до подножјето на ридот Монжуик и Националниот дворец /Музејот на каталонската уметност/. Плоштадот и областа околу него се особени привлечни навечер, кога многу туристи се собираат тука, за да го набљудуваат шоуто на фонтаните. Националниот музеј на уметноста е сместен во зградата, која е изградена по повод Ибериско-Американскиот саем во 1929 година. Тука се наоѓа најбогатата во светот колекција од романска уметност. Таа вклучува стенописи во романски стил од цркви и мали капели во областа на Каталунија, фрески од 12 век, како и многубројни творби од епохите на готиката, ренесансата и барокот. Изложени се творби на Луис Далмау, Ел Греко, Веласкес и многу други.