Постојна

Постојна, Словенија

Пештерата Постојна се наоѓа во Словенија. Ова е карстен пештерен систем, со општа должина од 20.5 км. и длабочина од 115 метри, кое ја прави најдолгата во државата. Истовремено со тоа е една од најпосетуваните туристички дестинации. Се наоѓа на 10 км. од словенскиот град Постојна.

 

Пештерата е дело на река Пивка, која во текот на илјадници години ги длабела долгите проходи. Туристичката пештерска маршрута е со должина од 5.3 км. и е најдолгата во светот. Постојна е отворена за посета од почетокот на XIX век, а првиот официјален посетител е австрискиот император Франц I во 1819 г. Педесет години подоцна во пештерата се поставени шини за туристички вовче, првично тургано од служителите, а подоцна од парна локомотива.  Во 1884 г. во пештерните сали е пуштена електрична струја, со кое Постојна го надминува град Љубљана, во тоа време престолнина на војводството Карниола во рамките на Австро-Унгарија. Парната локомотива на вовчето е заменета со електрична по крајот на Втората светска војна, во 1945 година.

 

Жител на пештерата е пештерниот протеј, еден од најголемите водоземци во светот. Туристичката маршрута вклучува и набљудување на аквариум со протеи.

 

Поради добрата природна акустука во Постојна редовно се организираат клавирни концерти.

Екскурзии и одмори до Словенија »