Пјонгјанг

Пхенjан, Северна Кореа

Според легенди градот е основан во 2333 г. п.н.е. под името Уангмсн. Според некои старокорејски хроники, градот бил првата престолнина на Кочосон (древен Чосон), макар други историски книги да го одрекуваат тоа. И покрај спротивставение информации за статутот на Пјонгјанг, со сигурност градот бил многу важен трговски и културен центар до 313 г. н.е., кога бил опожарен од раширувачката империја Когуро. Когуро во крајна сметка го изградил повторно и дури го прави своја престолнина во 427 година. Низ следните векови Пјонгјанг потпаѓа под контрола на различни империи. Во крајна сметка на почетокот на 20 век е заземен од Јапонија и станува административен центар на провинција Јужен Пјонгјанг. Јапонците владеат со градот до 1945 г., кога советските војски го заземаат. Тогаш станува временска престолнина на КНДР, додека да се ослободи Сеул. За време на Корејската војна е делумно разрушен и окупиран од јужнокорејски војници. По војната градот е преуреден со светска помош. Многу од зградите од тој период се градени по сталинска архитектура. Градот има много поранешни имиња. Меѓу нив е "Рјугон". Преведено на македонски значи "Градот на врбите" и навистина - во градот има многу врби. Недовршениот Хотел Рјугон и голем број на згради го должат своето име на овие врби.

Други имиња се Кисон, Хуансон, Ранран, Согон, Содо, Хогон и Чанган. Пјонгјанг е скоро целосно изграден од крајот на корејската војна. Градот има широки булевари, монолитни згради и масивни споменици. 330-метарскиот Хотел Рјугон е највисоката зграда во целиот град. Споменик, нарекуван Пјонгјангската триумфална арка, која личи на паришката триумфална арка. Арката во Пјонгјанг е неколку метри повисока. Други забележителности се Ридот Мангонде, местото каде се смета, дека е роден Ким Ир Сен, два од најголемите стадиони во светот (стадион "Ким Ир Сен" и стадион "Први Мај Рунрадо"), телевизиската кула на Пјонгјанг и други. Градот „Ер Корио“ има летови до Пекинг, Шангај, Бангкок и Владивосток. Има и чартер летови до неколку јапонски градови. Кинески авиокомпании често летаат до Пјонгјанг. Железнички линии го поврзуват градот со Москва и Пекинг.

Екскурзии и одмори до Северна Кореа »