
Река Рајна е една од најдолгите и со големо стопанско значење реки во Европа. За нејзин изворе се смета езерото Тома во Швајцарските Апли, во кантонот Граубјунден, од кое реката Предна Рајна почнува (Фордеррајн). Во истиот кантон извира и река Задна Рајна (Хинтеррајн), која се обединува со Предна Рајна при Рајхенау. По ова, текот на реката се насочува кон север, кади ги оцртува гранците на Швајцарија со Лихтенштајн и Австрија. После реката се влива во Боденско Езеро и истекува од неговата спроивна страна, тече на запад и служи како граница меѓу Швајцарија и Германија, после кое во неа се влеза река Ааре, која многукратно го зголемува нејзиниот проток. Рајна продолжува на север, каде по неа минува дел од границата на Германија со Франција, пред целосно да навлезе во Германија, каде во реката се влеваат множество притоки и се образува една од најубавите долини. Во долниот тек реката прави кривина на запад кон Холандија, каде образува опширна делта, разделувајќи се на три главни ракави и се влева во Северно Море. Меѓу најголемите градови, расположени на реката, се Базел во Швајцарија; Карлсруа, Мајнц, Мајнхајм, Бон, Келн, Дизелдорф и Дуисбург во Германија; Утрехт и Ротердам во Холандија.