
Сан Џимињано се издига на ридот над долината Елза во северна Тоскана. Населбата е позната по средновековната архитектура и најчесто по четиринаесетте кули, кои можат да се видат од далечина на неколку километри.Познато е исто така и локалното бело вино - Верна ди Сан Џимињано. Етрурците го основале градот во III век п.н.е. За прв пат денешното име се наоѓа во трудовите од X век. и се смета дека епископот на Модена - Сан Џимињано, го спасил градот од варварското опустошување, од каде доаѓа и името. До 1348 год. Сан Џимињано цвета како станица на патот на католичките верници кон Ватикан. Потоа бил освоен од Фиренца и добил помала улога. Денес интересни места за посета во зачуваниот средновековен град се мноштвото цркви кои датираат од различни периоди, меѓу кои се издвојуваат катедралата и Сант'Агостино.. Во палатата во Сан Џимињано сега е сместена градската галерија со дела на голем број италијански мајстори.