
Сараево е главниот град на Босна и Херцеговина и најголемиот град во државата, расположен на река Миљацка. Денес брои население од околу 420 000 жители. Основан е во 1416 г., кога неговата територија потпаѓа под Османска власт. Во Сараево е убиен австрискиот престолонаследник Франц Фердинанд, кој настан станува повод за избувнувањето на Првата светска војна. По Втората светска војна во Сараево се развива индустријата, економијата, културата и многу други јавни инстутиции, кои го претвораат градот во најголем град на Босна и Херцеговина. Во тој период се основа и Сараевскиот универзитет, операта, многу од музеите и галериите, научните институции и други. Сараево станува град-домаќин на XIV зимски олимписки игри, кои се одржуваат со голем успех во 1984 година. Општествените и политичките промени на Балканот по 1991 г. доведуваат до крвопролевање и граѓанска војна, која води до создавање на независна и суверена држава Босна и Херцеговина, чијшто главен град е Сараево.