
Siggésta _), првенствено Егеста или Акеста (Ἐγεστα или Αἴγεστα) е антички град во северозападниот дел на Сицилија, кој се наоѓа меѓу Дрепана и Панорм. Античкото село се наоѓа на местото на сливањето на две реки - Скамандро и Симеонто. Според кажувањата, градот бил основан од грци, придружници на Филиктет, под водство на Акест. Поради тоа не се сметал за грчки, а за варварски и постојано водл војни со соседните древногрчки колонии на островот, и со исклучоци со Селинунт. Агатокал целосно го уништил градот во 307 г. п.н.е., делумно со убивање на локалното население, делумно заробувајќи ги, во градот населил грчко население и го нарекол Дикеполем. По смртта на Агатокал, градот го враќа своето старо име. Како резултат на легендата за потеклото на римјаните од тројанците, жителите на Сегеста многу добро ја прифатиле римската власт по крајот на Првата пунска војна. Во римско време градот процветал и станал познат по минералните извори Aquae Segestanae.
На ридот на Сегеста најзабележителен е древниот дориски храм, кој денес е задолжителна станица на секоја туристичка екскурзија. Тој е еден од брилијантните примери на хеленистичката култура по овие земји. Храмот е подигнат во 5 век п.н.е. и неверојатен е фактот, дека е зачуван до таков степен по повеќе од два и половина милениуми. Во споредба со Сегеста древните останки во блискиот Агриџенто буквално бледат. Храмот има редови од по 6 и по 14 колони, кои се издигнуваат врз основата со размери 21Х56 метри и изгледаат така, како токму денес да се изградени. Платформата на храмот во Сегеста е висока околу три стапки.
На ридот се наоѓа и амфитеатарот на Сегеста, кој не етолку популарен како дориската колона на врвот. Амфитетралното расположение на седалките за гледачите е изградено на ридот, на 305 метри над морското ниво. Дури денес овој дел од Сегеста продолжува да се користи за неговата намена, а исто така се користи и како театрална сцена. Секое лето тука се играат разлчни театарски продукции, во кои современите актери изведуваат класични грчки драми и комедии.
Во околината на Сегеста можат да се видат и некои средновековни останки од градби, како например руините на една норманска тврдина.
Од врвот на ридот на Сегеста се открива прекрасна глетка кон долината и кон заливот Кастеламаре (Castellamare). Местоположбата на древниот град некогаш им помагала на жителите да имаат контрола над неколку главни патишта меѓу брегот на север и внатрешните територии.