
Батур е село во Североисточен Бали. Селото меѓу туристите е познато со тоа, дека се наоѓа во подножјето на вулкан и со храмскиот комплекс „Пура Улун Дану Батур“, кој е посветен на божицата на водата. Селото е основано во 11 век, а во 1917 г. е опустошено од вулканот Батур, единствено храмот „Пура Улун Дану Батур“ останал недопрен. Жителите тоа го примиле како знак и одново го населиле местото на истото место. Години подоцна вулканот одново еруптура, овој пат целиот храм е опожарен, од лавата останува недопрена само водната божица. Тогаш луѓето решиле да го преместат селото на местото на кое се наоѓа денес.