
Сенглеа е името на полуостров и град, кој се наоѓа непосредно блиску до престолнината Валета, во југозападниот дел на Големото пристаниште на Малта. Историјата на градот започнува со изградбата на црква на полуостровот во 1311 г. Во 1554 г. по наредба на Великиот магистер на Малтскиот орден Клод де ла Снгле тука започнува изградбата на тврдината „Св. Михаил“ и така се поставува почетокот на градот, кој подоцна бил наречен по името на Великиот магистер. Поради блискоста до бродоградилиштето за време на Втората светска војна градот бил бомбардиран од италијанските и германските воено воздушни сили и скоро целосно бил разрушен. Денес на местото на руините се изградени модерни станбени згради и куќи. Меѓу забележителностите на градот се Часовниковата кула, болницата „Св. Ана“, тврдината.