Сигирија

Дамбула, Шри Ланка

Сигирија со право бил сметан за едно од светските чуда. Со добро зачуваниот градски центар од првото илјадитие, комбинацијата од згради и градини, патеки и водни реервоари, користењето на различни нивоа на хоризонтално и вертикално планирање, ја прави тврдината прекрасен пример за архитектурните традиции на Шри Ланка. Комплексот вклучува централен планински масив, кој се издигнува на 200 метри над околната низина со два правоаголни пресеци на исток и запад, заобиколен од два ровови. Карпестата висорманина Сгирија постои околу 7,000 години уште од праисториско време, а во 3 век п.н.е. служи како карпест манастир, кој е изграден од донациите на будисичките заедници. Градските градини и дворецот се изградени од Касапа од 477-495 г. н.е. По негвата смрт, таму функционира манастирски комплекс до 14 век - Махавамса. Древните историски подаоци разкажуваат за крал Касапа, кој го убил својот татко и седнал на престолот, кој бил наменет за неговиот брат. За да се спаси од трупите што го следеле, Касапа го подигнал својот дворец на билото на карпестото плато Сигирија. На крај, кога брат му Могалана го презел престолот, Касапа се самубил.

Според пишувањата на ѕидовите, кои ги има во Сигирија, варовничката обвивка на една од ѕидовите била толку внимателно пифрирана, што ги одразувала цртежите на спротивниот ѕид. Денес, дури 15 векови подоцна, блесокот на ѕидот се уште се гледа. Вкупно се изброени 150 натписи. Се смета, дека по смртта на Касипа, многу луѓе доаѓаат да го видат дворецот, цртежите на ѕидовите и градините, така како што продолжуваат да го прават и до денес. Највпечатливата особеност на карпата била изделканата во неа фигура на седнат лав, меѓу шепите, челото и грлото низ кои минува столбот, кој водел до дворецот. Денес од лавот останале само шепите. Останки од цртежи има и во некои пештери, кои се наоѓаат во основата на карпата.

Екскурзии и одмори до Шри Ланка »