Сиднеј

Сидни, Австралиja

Сиднеј е главниот град на Нов Јужен Велс, Австралија. Во градот живеат малку повеќе од 5 милиони жители, ова го прави градот со најголемо население во државата. Метрополниот град се наоѓа на источното крајбрежје на Австралија и го заобиколува најголемото природно пристаниште во светот и се простира на околу 70 километри. Сиднеј се состои од 658 приградски зони, 40 областа на локалното управување и 15 соседни региони. Сиднеј првично бил откриен од капетан Џејмс Кук во 1770 година, но дури во 1788 година градот се колонизира од капетан Артур Филип. Сиднеј станува првиот град во Австралија во 1842 г., кога е создаден и општинскиот совет во градот. Тој е еден ид најскапите градови во светот, но и покрај тоа е на 10 место во светот според квалитет на живот според проучувањето на консултантската фирма ''Mercer". Во метрополата се наоѓаат многу забележителности: Ботаничката градина, Кулата во Сиднеј, Операта во Сиднеј (која е дел од УНЕСКО), познатата плажа Бондај Бич, мостот Харбор, Зоолошката градина Таронга и многу други.

Екскурзии и одмори до Австралиja »