Стадион "Камп Ноу"

Барселона, Шпанија

''Камп Ноу'' е изграден за фудбалскиот клуб ''Барселона'' во 1956 г., обновен е во 1980 и 1994 г. Стадионот претставува воодушевување, не само поради своите размери, но поради и големиот број на спортски објекти изградени во негова близина. Фудбалот е №1 за шпанците. Капацитетот на стадионот е 110 000 гледачи, но во моментот поради мерките за сигурност можат да го посетат до 95 000 гледачи, кои доаѓаат тука секоја недела, за да го гледаат својот омилен тим. Тоа е најголемиот фудбалски стадион во Европа. Тука играле едни од најдобрите фудбалери во Европа и светот - Јохан Кројф, Диего Армандо Марадона, Луиш Фиго. Патрик Клујверт, Роналд Куман, Ривалдо, Христо Стоичков, Ромарио, Роналдо, Роналдињо, Лео Меси, Шави, Никола Анелка, Карлес Пујол, Иниеста, Давид Вија и др. До стадионот има и музеј, каде се пазат трофеите на клубот, како и целата историја на клубот, играчите и самиот стадион. Во музејот е изложен и олимпискиот факел, кој е искористен при отворањето на Олимписките игри во 1929 г. тимот на Барселона 5 пати го освоил фудбалскиот турнир ''Европски куп на шампиони'' во - 1992 г., 2006 г., 2009 г., 2011 г. и 2015 г.

Екскурзии и одмори до Шпанија »