
Едно од најживите и најпрометните места во Њу Јорк е познатиот плоштад - Тајмс Сквер. Често можете да чуете тој да биде наречен: „раскрсницата на светот“, поради тоа што ова место никогаш не спие. Тука секогаш е полно со луѓе, таски и автомобили. Не територијата на Тајмс Сквер се наоѓаат неколку тетри, кина и ресторанти.
Тајмс Сквер е прочуен со својата „елегантмост“, уникатните неонови реклами, оригиналната архитектура и нејзината централна местоположба, формираат еден прекрасен центар. Историјата на плоштад Тајмс Сквер, започнува на почетокот на минатиот век, со располагањето на еден од најпознатите американски весници - „Њу Јорк Тајмс“. Со текот на времето се отвора метро и се стигнува до официјалното откривање и именување на плоштадот со денешното име.
Тајмс Сквер е клучно место, на кое се дочекува настапувањето на нова година повеќе од 1 век. Празникот се пречекува со иконскиот сјаен симбол на нова година, кој се извисува на врвот на облакодерот „One Times Square”. Секоја година илјадници граѓани се собираат на плоштадот Тајмс Сквер, за да се насладат на култното шоу.
Тајмс Сквер многукратно е документиран во списанија, книги и најмногу вклучен во неои играни филмови. Шетајќи се низ плоштадот можете да се наслатите на „уличните уметници“, за да закупите карактеристичен за Њу Јорк и плоштадот сувенири. Местото е неверојатна дестинација за љубителите на сјајните згради, шопинг, ноќниот живот и бучните улици.