
Таџ Махал - уникатен храм, симбол на љубовта и еден од свтските споменици на културата. Ова е најпрекрасното и ненадминато дело на мугалската архитектура. За да ја опише убавината на Таџ Махал, Рабиндранат Тагор поетски го нарекува храмот “солза на лицето на вечноста“ и “мечта, искажана во мермер“. Императорот на мугалите Шах Џахан - Господар на светот, го гради овој изумителен споменик во спомен на љубената сопруга Мумтаз Махал. Изградбата започнува околу 1632 г. и е завршена околу 1653 г. Секоја година Таџ Махал привлекува меѓу 2 и 4 милиони посетители.