
Тврдината Ананури претставува многуфункционален архитектурен комплекс од доцните феудални времиња во Грузија. Во минатото, селото Ананури било дел од Великиот пат на свилата. Замокот, камбанаријата, трите цркви и ѕидовите со прекрасни орнаменти се причините за често посетување на тврдината. Замокот бил дек од многу битки, ја исполнувал својата функција и бил населуван до 19 век. Најраните делови на тврдината датираат од 13 век.