Тврдината Хертвиси

Грузија

Тврдината Хертвиси е еден од најзначајните споменици на Грузија од Средновековието и една од најдревните во државата. Во 2007 година е предложна за вклучување во Списокот на светското културно и природно наследство на УНЕСКО. Првично на ова место била изградена тврдина во II век, но била разрушена од Александар Велики и денешната постои од XIV век. Таа е една од најголемите тврдини во Грузија со должина повеќе од 150 метри и 30 метри ширина. Се наоѓала на Великиот пат на свилата. Стратешката местоположба овозможувала пат, што ги поврзувал градовите Ахалкалаки и Ахалцихе. Според легендата кралица Тамара одржала конкурс, за да види кој може да ја изгради најубавата кула. На конкурсот победил чиракот, а не мајсторот и поради тоа учителот се самоубива од една од кулите.

Екскурзии и одмори до Грузија »