
Овој неверојатен полуостров го разделува езерото Балатон на два дела. Тој не е бисер само на регионот или на државата, но и на цела Европа. Тој е скапоцен накит во средината на езерото. Површината на вулканскиот полуостров е покриена со стотици варовнички гејзери, формирани од термалните извори. Најубавиот од нив се нарекува ''Златната куќа'', поради златните лишаи, кои ги покриваат неговите карпи. На полуосровот се среќаваат голем број ретки животни и растенија, благодарение на уникатната клима и двете езера. Ова довело до основањето на Националниот парк во 1952 г., првиот таков во Унгарија. Тихани има не само природни, но и многу историски и културни забележителности. Местото е популарно за туристите од 60-те години на ХХ век, кога големи маси од унгарци и странци започнале да го посетуваат.