
Еден од најколоритните градови во Канада, Торонто е позната дестинација за многу туристи. Градот привлекува многу имигранти од соседни земји. Се смета, дека скоро 50% од жителите на градот се родени надвор од границите на државата.
Град Торонто се наоѓа во југозападниот дел на Канада, на северозападниот брег на езерото Онтарио. Ова е најголемиот град во државата. Населенито брои околу 2.6 милиони жители, а градската агломерација изнесува 5.8 милиони жители.
Метрополитниот град привлекува многу туристи секоја година. Иако не се слави со долгогодишната историја, повечето забележителности во Торонто се од модернистичен и културен карактер. Еден од емблематичните симболи на градот е замокот Каса Лома. Други познати објекти се: кулата СиЕн Тауер, трговскиот центар Eaton Centre, Музејот Онтарио, Сликарската галерија ''Онтарио'', паркот „Канадските чуда“ во близина на езерото, како и Кинеската населба. Како е веќе споменато, градот е богат со имигранти од различни култури. Во таа смисла, други етнички населби исто така претставуваат интерес. Такви се грчкиот, италијанскиот, португалскиот, индискиот и други.