Убуд

Убуд, Индонезија

Убуд често е нарекуван културното срце на Бали. Населението на Убуд е околу 75 000 жители, а секоја година околу 3 милиони туристи го посетуваат градчето. Во самиот град и во неговите околности, се наоѓаат прекрасниот водопад Гитгит, планинското село Бедугул со неверојатната глетка кон езерото Братан и прекрасниот храм Улун Дану. Не може да се пропушти и „Светата гора на мајмуните“, каде освен мајмуните, кои слободно живеат, коегзистираат и лилјаците. Ова е површина од 12 000 хектари, каде можете да видите многу мајмуни во нивното природно живеалиште. Тие дури си имаат и камен базен за капење, а и храмови, меѓу кои слободно се шетаат. “Пловечкиот храм Танах Лот“, познат со убавите залеси, исто така е нешто прекрасно и необично за европскиот турист. На крај, за ги зачувате спомените за Убуд, може да се испазарува од ковачите на сребро во областа Целук и од дрворезбарите во околината Мас. Убуд, несомнено е занаетчискиот центар на Бали.

Екскурзии и одмори до Индонезија »