Улица "Мерканти"

Салерно, Италија

Улица ''Мерканти'' е средновековна улица, која минува низ историскиот центар на град Салерно, Јужна Италија. Улицата започнува од арката ди Аречи и завршува на плоштад ''Портанова''. Должината и' е околу еден километар, а ширината пет метри, каде на некои места се стеснува до 3 метри. Во Средновековието улицата претставувала главен трговски центар на Салерно. По должина на ''Мерканти'' се расположени некои главни туристички забележителности - дворецот ''Пинто'', катедралата на Салерно, црквата ''Свети Ѓорѓи'', црквата ''Свети Григориј'', дворецот ''Карара'', уметничката галерија. Во последните години многу од зградите по улица ''Мерканти'' беа реновирани.

Екскурзии и одмори до Италија »