Улица "Шембалс"

Јорк, Велика Британија

Калдрмената улица „Шембалс“ во Јорк, опколена од 600-годишни згради, е определена за најубавата во Велика Британија во анкета од 11 000 луѓе.

Често е опишувана како “исполнета со историска магија“.

Надвисналите од двете страни на улицата, дрвени куќи, дури понекогаш си ги допираат покривите. Оваа средновековна улица порано била исполнета со месарски продавници. Во задниот дел на многу од куќите имало и кланици. На некои од зградите се' уште може да се видат куките, на кои е закачено месото за продавње. Се' уште во средината на улицата е зачуван, каналот, во кој биле фрлани отпадоците од производтсвото.

Денес на местото на месарските продавници, има такви за накит и антикаврници. Улица "Шембалс" е една од главните трговски зони во Јорк, како и омилено место за туристите.

Екскурзии и одмори до Велика Британија »