Фадо шоу

Португалија

Фадо е музички жанр, кој се појавува во почетокот на XIX век како резултат од комбинацијата на традиционалниот грчки, римски, арапски и бразилски стил на музика. Фадо игра важна улога во националниот идентитет на португалците и ја открива нивната мека и меланхолична душа. Важен елемент, кој го карактеризира Фадо од другите музички жанрови е користењето на 12-жичната гитара. Музиката е микс од чувства - тага, носталгија, љубов, кое на португалски јазик се нарекува "saudade". Текстовите се често расказ, прикаска за сегашниот живот или легенди од минатото. Секоја Фадо вечер е едно уникатно доживување, придружено со вечера и пијалак.

Екскурзии и одмори до Португалија »