
Фала е годишен празник во Валенсија. На овој фестивал учествуваат рачно направени стиропорни кукли со човечки размери. На крајот на фестивалот, сите цветни карикатури се горат, додека, пак, куклата која победува во конкурсот, се спасува и се изожува во музејот на Фалите. Се смета дека потеклото на овој празник е средновековната традиција која, за време на пролетта на улиците се изнсувале и се гореле сите стари мебели, облека и душеци од сено, користени во есента и зимата. Во средината на 19 век, општината во Валенсија, решава да го забрани тардиционалното палење на стари мебели и облека по улиците, при што биле задолжени да ги изнесат надвор од градот. На почетокот на 20 век општината решава да ја обнови традицијата.