Фуџи

Јапонија

Вулканот Фуџи се наоѓа на остров Хоншу и е највисоката точка на Јапонските острови - 3776 м. Вулканската активност се смирила, кога вулканската пепел стигнала до Токио, оддалечен на 100 км. Сега кратерот скоро низ целата година е покриен со густа снежна покривка со исклучок на месеците јули и август, која е најпогодно време за искачување. Фуџи е не само чудо на природата, но и свето место. Будистите го почитуваат и го сметаат за врата кон надворешниот свет. Кратерот на вулканот е понат со името Најин Фуџисан. Тој зазема важно место во древната јапонска религија шинтоизам, чиишто следбеници веруваат, дека карпите, дрвата и сите природни форми се населени од богови и духови. При јасно време се гледа од растојание од 80 км. Познати се неговите 18 ерупции. Најдобро е да се качите на врвот на Фуџи по залез, кога можете да се насладите на палета од бои. Според јапонците недопустливо е да не се искачиш на Фуџи барем еднаш во својот живот, како и дека не е добро да го искачиш повеќе од еден пат.

Екскурзии и одмори до Јапонија »